Зошто Аеробик?

Аеробик = air (воздух) + bios (живот) !

Една од најпопуларните и современи форми на физичкото оптоварување се фитнес активностите, меѓу кои е и аеробикот. Како физичка вежба проследена со музика, датира уште од 1968 година, а денес широко се практикува во најразлични форми.

Тренингот има позитивно влијание врз менталното здравје, забавен е и пријатен и може да помогне при ослободување од стрес. Ако тренингот е направен во група, може да креирате социјални врски со вежбачите, а резултатите кои ќе ги постигнете, зависат од желбата, правилниот начин на живот, правилниот начин на вежбање и правилната исхрана.

 Програмите за аеробик се препорачуваат за оние кои сакаат да ја подобрат својата општо здравствена состојба или да постигнат максимална физичка спремност и самодоверба. Предностите кои може да ги добиете со аеробикот се следни:

- доволно  енергија за справување со секојдневните активности

- подобар имунолошки систем

- здрав кардиоваскуларен систем

- редукција на подкожно масно ткиво

- зајакнување на мускулниот тонус

- намален стрес, ќе се чувствувате попозитивни

- ќе ја зголемите силата и флексибилноста

- ќе го подобрите метаболизмот

- ќе ја зголемите издржливоста

- ќе го намалите срцевиот пулс во мирување

- унапредување на здравствениот статус

Токму поради овие цели, би сакале да упатиме покана до сите што го сакаат спортскиот начин на живот и се подготвени да направат позитивна промена кај себе. Секој вторник со почеток од 19 часот на теренот на Ф.К. Работнички се одржува „Gorska on the move“ вежбање на отворено, оваа сезона со TRINITY и Dimitar Kekshn Shavkulovski. Пријавете го вашето БЕСПЛАТНО учество и понесете позитивна енергија, а ние ќе се погрижиме за освежувањето на теренот! Ве очекуваме =)