Забрзан метаболизам за витка линија

Водењето здрав живот, внесувањето здрава храна и физичка активност се генерални начини како може да ја подобрите вашата форма, да постигнете витка линија и да се чувствувате многу подобро и физички и психички. Сите овие начини допринесуваат за забрзување на метаболизмот што е и главната тајна за виткоста. Но, тука не спаѓаат „брзите диети“ и гладувањето кои само даваат моментални резултати, а по одредено време килограмите двојно се враќаат, организмот се исцрпува, а вие се чувствувате лошо, со опаднат имунитет и склони кон разболување.

Диетите кои од вас бараат да бидете постојано гладни, само можат да ја влошат работата на метаболизмот, бидејќи тој е жариште што постојано бара „гориво“ за да ја одржува работата и да ги согорува калориите. Тајната е да јадете постојано и здрава храна, а еве и неколку намирници кои допринесуваат до забрзување на метаболизмот и видливи резултати во губењето на килограмите или задржувањето на витката линија.

Зелен чај

Зелениот чај има многу придобивки за здравјето на организмот, ги спречува срцевите заболувања, го подобрува имунитетот, а има голема улога и во забрзувањето на метаболизмот и полесното согорување на внесените калории. Имено, според одредени истражувања, редовното консумирање зелен чај може да го зголеми согорувањето на калории дури за 17%.

Кафе

Веќе е познато дека кафето е дигестив и го забрзува метаболизмот. Но, неговото дејство во согорувањето на калориите е краткотрајно, и затоа подобро е да се консумира во умерени количини.

Вода

Пиењето вода е многу важно за одржување на кондиција на метаболизмот. Дури и најмалата дехидратација може да го забави метаболизмот и да го одложи согорувањето на калориите. Токму затоа, за нормална работа на организмот, се препорачува пиење на минимум два литри вода дневно. Поради потребата од пиење поголема количина на вода, треба да внимавате и на квалитетот на водата  таа да биде чиста, изворска, без дополнителни штетни материи кои можат да ја нарушат функцијата на органите. Затоа, водата која доаѓа директно од извор, заштитен во чиста и недопрена природа, која во себе содржи непроменет минерален состав е идеална за вашето здравје и линија, како на пример вашата омилена Горска вода.

Исто така, потрудете се вашата Горска вода да биде добро оладена пред консумирање, бидејќи организмот е принуден да употреби повеќе енергија за да ја затопли, а со тоа го забрзува метаболизмот и согорува многу повеќе калории.

Јадете помалку, но почесто

Метаболизмот е „жариште“ кое треба постојано да се одржува со додавање „гориво“. Тоа е и причината зошто се препорачува јадење на повеќе оброци на ден. Така нема да дозволите метаболизмот да се „изгаси“ бидејќи ќе треба многу повеќе труд за повторно да се покрене. Ако досега сте практикувале обилно јадење двапати дневно, поради прегладнувањето организмот се исцрпувал и не работел континуирано. Практикувајте јадење на секои 3 часа, со што организмот континуирано ќе троши енергија и согорува калории при варењето.

Вежбање

За добра работа на метаболизмот, важно е и секојдневното вежбање. Секако, тоа не мора да се напорни вежби или неколкучасовно исцрпување, но рекреативното размрдување е секогаш добредојдено за организмот и работата на метаболизмот. Ова, всушност е и најефикасниот метод за забрзување на метаболизмот и трошење на калориите. Не заборавајте додека спортувате, паралелно да пиете вода во поголеми количини, за да не дехидрирате и да го забавите согорувањето на калориите. За дополнителен ефект при вежбањето, можете да пиете Горска спорт вода која содржи Л-карнитин. Оваа состојка ја зголемува силата и издржливоста, ја олеснува физичката и ментална исцрпност, помага во создавањето на мускулна маса, покрај другите позитивни ефекти што ги има врз организамот. Исто така, кога организмот нема доволни количини на Л-карнитин поради диети, станува тешко да се одржуваат метаболичките функции. Без Л-карнитин, не е можно да се добие енергија преку топење на мастите и поради тоа енергијата за телесните функции се зема од согорување на протеините и јаглехидратите.

 Зачинета храна

Ако сте обожаватели на мексиканска кујна или сакате малку полута храна, тогаш овој факт ќе ве израдува. Имено, конзумирањето повремено малку лут зачин може интензивно да го забрза метаболизмот и да помогне во согорување на калориите.

Доколку целта ви е да ослабете или едноставно да ја задржите линијата, не треба да претерувате со строги режими во исхраната, да си забранувате одредени оброци или да се исцрпувате во теретана. Истото можете на многу поедноставен начин да го постигнете. Можеби процесот ќе трае подолго, но затоа истиот е далеку поздрав, а ефектите негови подолготрајни. Всушност, доколку овие неколку совети станат секојдневна рутина, тогаш никогаш повеќе нема да имате проблеми ни со тежината, ни со здравјето.