
Компанијата Кодинг е основана во 1987 година во секторот градежништво, а од 2004 започна со изградба на фабрика за вода и сокови. Во 2005 година, Кодинг започна со производство и дистрибуција на Горска вода. Производниот погон се наоѓа во непосредна близина на изворите, во селото Конопиште.
Како компанија која го има имплементирано квалитетното корпоративно управување, Кодинг е една од најуспешните компании во Македонија водена од едуциран и инвентивен кадар со јасна визија за иднината. Успешноста на нашата компанија се должи на активниот мониторинг,следење на модерни маркетинг трендови,нови технолошки решенија,иновации и постојана едукација на вработените со цел да се задоволат потребите на потрошувачите.
Целта на компанијата е да биде маркет лидер во државата и пошироко соединивајки ги факторите за квалитет аспектите на животната средина и на човекот во еден интегриран систем на управување што се стреми кон одржлив економски успех. и постојано подобрување на системите за квалитет и менаџмент.
ДОПРИНОС НА КОМПАНИЈАТА КОДИНГ ГОРСКА ВО РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Главни приоритети во политиката на општествена одговорност на компанијата Кодинг Горска:
Горска покажува огромна грижа за децата со посебни потреби помагајќи го подржувањето на различни активности на Специјална Олимпијада на Македонија, каде е водечки спонзор.
Горска е долгогодишен партнер на фудбалот, кошарката, ракометот,пливањето, кајакарењето,професионалното карате и уште многу други федерации и клубови:
Како позначајни спортски настани спонозрирани од Горска се вбројуваат:
Компанијата Кодинг Горска секоја година го реализира проектот „Горска во движење“ (Gorska on the move) со цел да се потенцира важноста на физичкото и психичкото здравје на луѓето, како и да се потсети за значењето на водата како најважна хранлива материја и основна компонента на човековото тело.
Во културните манифестации во Република Македонија спонзорирани од Горска се вбројуваат Детскиот фестивал Поточиња, Скопско лето, Есенски музички свечености, Матурска парада, Мајски оперски вечери, Охридско лето и многу други.
Лично учество на Претседателот на компанијата Димитар Костадинов:
-Претседател на Специјалната Олимпијада на Македонија 2010-2014
-Подпретседател на Македонската Кошаркарска Федерација 2005-2014
Компанијата Кодинг Горска ќе продолжи и во иднина да ја следи својата стратегија на општествено одговорна компанија во која се дефинирани вредностите кои ги застапува во своето секојдневно работење:доверба, традиција, ентузијазам, искуство, знаење, иноватиност, тимски дух и професионалност. Да се биде општествено одговорен, значи да се исполнуваат сите законски обврски, да се вложува во човечкиот капитал, околината и континуирано да се негува односот кон клиентите и партнерите.
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
Со постојано инвестирање во технологијата, подобрување на квалитетот на услугата, ширење на дистрибутивната мрежа, ГОРСКА и ГОРА, се прогласуваат за Супербрендови за 2011/2012 година
Врз основа на прописите на „Меѓународната круна за квалитет“ (International Quality Crown) и критериумите на „Моделот за целосно раководење со квалитет QC100“ (QC100 Total Quality Management Model), компанијата КОДИНГ ГОРСКА е одбрана во Лондон во ноември 2012 година, да ја прими наградата „Меѓународната круна за квалитет“ (International Quality Crown) во Златната категорија.
Претседателот на компанијата Димитар Костадинов , во септември 2013 година, ја прими наградата Меѓународна ѕвезда за квалитет, која според Интернационалната Конвенција во Женева, КОДИНГ ГОРСКА е првата компанија во Македонија која ја добила оваа награда во Платинум категорија.