ВОДИЧ: Како полесно да ги поднесете жешките летни денови?

Летото пристигна со полна сила и тропските температури започнуваат да влијаат на нашето секојдневие. Колку и да го сакаме летото, жештината понекогаш станува неподнослива и нè истоштува. Па, подготвивме неколку рецепти и корисни совети кои ќе ви помогнат полесно да ги поднесете високите температури. Водата со овошје е совршениот баланс, затоа пиете вода и консумирајте здраво овошје истовремено. Воедно, овие пијалоци изгледаат многу симпатично.

1. Јагоди, лимета и краставица - во половина литар Горска вода додадете една шолја јагоди, една шолја сецкана краставица, две сецкани лимети и четвртина шолја свежи листови нане. Додадете неколку коцки мраз, оставете да се излади и потоа уживајте!

2. Лубеница и нане - во 1,5 литар Горска вода, додајте ја исецканата лубеница и листовите нане и оставете да отстои од 2- 8 часа. Количината на овошјата ја одредувате сами, во зависност од тоа колку сладок сакате да биде вашиот пијалак.

3. Цитрусни овошја и краставица - во 3 литри Горска вода ставете 2 сечкани портокали, 1 сечкан лимон, половина сечкана краставица и една рака свежо нане. Оставете накратко да отстои и потоа сервирајте.