Во кој период од денот е добро да консумираме вода?

Горска ЗдравјеДокажано е дека консумирањето вода благопријатно делува на организмот и има голем број здравствени придобивки. Познато е дека во денот треба да се консумираат минимум 8 чаши вода за нормално функционирање на сите органи, но малкумина знаат дека и периодот на пиење вода различно делува врз одредени органи. Всушност, внесувањето вода во организмот во одреден период на денот или пред/после некоја активност има одделна делотворност и благопријатно делува врз различни органи. Еве кои здравствени бенефити ги има консумирањето чаша вода во различни периоди од денот:

Чаша вода веднаш по будењето

Секогаш практикувајте да се напиете една чаша вода веднаш по будењето. Консумирањето вода во овој период помага за активирање на внатрешните органи, односно за „будење“ и на самите органи, помагајќи им да започнат со својата нормална функција и истата да ја одржуваат во текот на денот.

Чаша вода пред туширање

Со консумирањето на една чаша вода пред да се туширате, му помагате на вашиот организам да го намали крвниот притисок.

Чаша вода 30 минути пред оброк

Доколку имате проблеми со дигестивниот тракт, но и доколку посакувате нормално варење на храната, секогаш треба да практикувате да испиете една чаша вода 30 минути пред секој оброк. Покрај што ќе го намалите апетитот и порцијата на внесената храна, водата ќе ви помогне и за полесно варење, а тоа резултира со побрз метаболизам.

Чаша вода кога сте гладни

Нашиот мозок често знае да испрати грешни сигнали помеѓу оброците, кои нè тераат да помислиме дека сме гладни, но всушност сме жедни или малку дехидрирани. Тогаш посегнуваме по грицки и друга нездрава храна која резултира со вишок килограми. Најлесното решение на овој проблем е да се напиете една чаша студена вода кога ќе почувствувате таков глад, наместо да „навалите“ на грицките –  во најголем број случаи и гладта ќе исчезне.  Всушност, само со чаша вода придонесувате кон намалена тежина и подобра линија.

Чаша вода за буден мозок

Доколку се чувствувате поспано, а мора да останете будни, испијте чаша студена вода. Водата брзо се движи низ организмот и брзо ќе стигне до вашиот мозок. Еланот и енергијата ќе ја почувствувате веднаш.

Чаша вода пред спиење

Чашата вода пред спиење го намалува ризикот од срцев или мозочен удар. Некои научни тврдења велат дека 90 отсто од срцевите удари се случуваат наутро, а ризикот може да се намали ако испиеме една до две чаши вода пред спиење.