Важноста на пиењето вода во зимските месеци

Сите сме свесни дека пиењето повеќе вода во текот на летните месеци е исклучително важно. Но, дали знаевте дека пиењето доволна количина вода во текот на студените зимски месеци е речиси подеднакво неопходно?

 

Освежителната чаша вода не секогаш е нашиот прв избор на пијалак во студените зимски денови. Со намалувањето на температурите честопати доаѓаме во ситуација да побараме некоја течност која што ќе нè стопли од типот на чај, кафе, топло чоколадо или пак топла супа. Меѓутоа овој интуитивен избор не секогаш е правилната одлука што треба да ја донесеме. Дехидрираноста на телото го инхибира правилното функционирање на имуниот систем и на тој начин стануваме посклони кон настинки. Од таа причина, потребно е да внесуваме доволно вода со цел да останеме здрави во периодите на настинки. За да можете да го постигнете ова, обидете се барем еднаш дневно да го замените топлиот пијалак со шише Горска вода и со ова ќе успеете да ги намалите калориите, како и да придонесете на вашето здравје.

 

Со намалувањето на температурите, честопати сме опкружени со различни извори на топлина како парното, клима уредите или пак греалките. Овие извори на топлина, во комбинација со неколку слоеви на топла облека, создаваат дополнителна дехидратација на нашата кожа и тело. Пиењето на осум чаши Горска вода на ден ни помага да го одржиме балансот на течности во телото и да имаме здрава и свежа кожа.

 

Оваа зима направете го најдобриот избор за вашето здравје и не заборавајте да го испиете препорачаното дневно количество на вода. Препорачаната количина може да варира во зависност од вашата тежина и висина, меѓутоа 8 чаши Горска вода дневно се минималната дневна количина која би требало да ја внесете за да останете здрави и фит во текот на зимскиот период.