Употреби ја твојата #ГорскаЕкоЛогика и освој таблет!

Горска вода го објавува стартот на својот еколошки натпревар, во кој сите креативни и еко-свесни учесници ќе можат да и дадат нов живот на искористената амбалажа и за своите креации да освојат таблет или други вредни подароци од палетата на Горска.

Овој интересен проект, кој паралелно се одвива на двете социјални мрежи Facebook и Instagram, има цел да ја подигне еколошката свест кај потрошувачите, овозможувајќи им да ја докажат својата креативност и да го дадат својот придонес за животната средина преку изработка на корисни креации од веќе искористените шишиња на производителот.

Натпреварот не се фокусира на одредена тема или изум кој може да произлезе од искористената амбалажа, па така употребените шишиња може да се искористат за создавање на декорации, уметнички дела, накит и акцесоари, разни гаџети, помагала, светилки, скулптури, соларни колектори или било какви корисни креации кои на амбалажата ќе ѝ дадат втор живот.

Facebook корисниците кои сакаат да учествуваат во натпреварот треба да ги пријават своите креации во апликацијата која се наоѓа на фан страницата на Горска вода (https://www.facebook.com/gorskavoda) во табот #ГорскаЕкоЛогика. Instagram корисниците пак, доволно е да ги споделат своите креации во вид на јавна објава која ќе го содржи хаштагот #ГорскаЕкоЛогика, по која фотографиите автоматски ќе се појават и во апликацијата на Facebook фан страницата на Горска вода.

Натпреварот трае 4 седмици (од 23. ноември до 20. декември) и најдобрите учесници ќе бидат наградени со вредни подароци за нивниот труд. Учесниците чии креации ќе бидат рангирани од 1-во до 4-то место ќе добијат таблети, додека креациите кои ќе ги завршат од 5-то до 10-то место на ранг листата ќе бидат наградени со подароци од палетата на Горска.

Објавувањето на креации е веќе започнато! Размислувајте логично, искористете ја вашата #ГорскаЕкоЛогика и дајте им нов живот на искористените шишиња од Горска и Гора! Споделете ја вашата креација на Instagram со хаштаг #ГорскаЕкоЛогика или прикачете ја во апликацијата на Facebook фан страницата на Горска вода и дајте го својот придонес за почиста животна средина. 

За повеќе информации, посетете ја фан страницата на Горска вода.