Третото издание на здравата навика „Gorska on the move” и оваа пролет во Градскиот парк

Тимот што победува не треба да се менува. Токму затоа и оваа година Горска и Trinity на сите почитувачи на здрав и активен живот им нудат дружба на веќе добро познатото место во Градскиот парк.

Низ рекреација, забава и совршено освежување со Горска вода, уште еднаш сакаме да ја потенцираме важноста на физичкото и психичкото здравје кај луѓето и да ја истакнеме огромната улога на водата за човечкиот организам.

Немојте да ја пропуштите идеалната комбинација на врвни инструктори и Горска вода, кои гарантираат многу убави и незаборавни моменти. Како и минатите, така и оваа година вежбањето е бесплатно, со себе понесете само добро расположение.

Овогодинешниот проект „Горска во движење“ (Gorska on the move) ќе биде со времетраење од три месеци, секоја среда во мај, јуни и септември (6 мај, 13 мај, 20 мај, 27 мај, 3 јуни, 10 јуни, 17 јуни, 24 јуни, 2 септември, 9 септември, 16 септември и 23 септември) од 19 до 20 часот.

Сите информации поврзани со овие активности може да се следат на Facebook фан страните на Горска вода и TRINITY.