Староградско на Пиволенд 2015

Староградско е првото премиум пиво на македонскиот пазар. Староградско пиво воедно е и единственото непастеризирано пиво на пазарот, создадено од најквалитетни, внимателно одбрани зрна јачмен и хмељ. Подготвено е по германски рецепт, согласно германската регулатива за производство на пиво, исклучиво од хмељ, квасец, јачменов слад и Горска вода. Еден од најбитните фактори кои влијаат на квалитетот на пивото е водата. Со тоа што Староградско е произведено со висококвалитетна, природна, изворска Горска вода, исполнет е главниот предуслов за квалитетно, премиум пиво.

Запознајте го Староградско и допуштете да ве воодушеви со својот единствен вкус, уникатна боја на зрело жито и бујна цврста пена. Секоја испиена голтка нуди незаборавно искуство и чувство на свежина. Староградско пиво - Момент на вистинско уживање. 

Пробајте го Староградско на ПИВОЛЕНД 2015 со промоција 4 + 2 = 280 денари.