Староградско Црвено - прво црвено пиво на македонскиот пазар

Компанијата "Кодинг Горска" го надополни портфолиото на производи во сегментот на пива со нов, уникатен производ - Староградско Црвено пиво. Ова е првото црвено пиво на македонскиот пазар, изработено од специјален јачменов слад - BEST Red X malt, кој се користи исклучиво за производство на црвени пива, хмељ и квасец во комбинација со природна, изворска Горска вода.

Специфичниот јачменов слад му ја дава уникатната црвена боја на пивото. Вкусот е дополнително збогатен со единствената арома со вкус на карамела. Староградско Црвено е висококвалитетно, премиум пиво кое содржи 5,6% алкохол и може да се најде во стаклено пакување од 0,33 л, неповратна амбалажа.

Од Горска велат: “Староградско Црвено се разликува од останатите македонски пива, пред се по уникатниот вкус и единствената црвена боја на пивото. Поради специфичниот, интересен вкус, ова пиво е лесно за пиење и потсетува на ирските црвени пива”.

Па љубители на пиво, пробајте го Староградско Црвено!