Совети за намалување на килограмите во пресрет на летото

Основната работа што треба да ја направите за да ги намалите килограмите е да го намалите внесувањето на храната, односно дневната бројка на калории. Самоконтролата, во комбинација со вежбањето ќе ви донесе значителни резултати.

Јадете повеќе зеленчук
Трикот е во тоа да го замените она што вообичаено го консумирате со зеленчук (на пример, наместо да консумирате леб, еден оброк нека ви биде сочинет само од салата). Воедно можете да консумирате зеленчук во комбинација со сос, наместо да јадете чипс.

Користете помали чинии
За да го намалите количеството калории можете да искористите и овој психолошки трик. Луѓето се навикнати да консумираат сè што има на чинијата, па затоа служете ја храната во помали чинии. Но, запомнете - јадете го само она што сте го поставиле во чинијата, не дополнувајте ја.

Не прескокнувајте оброци
Најлошата работа кај прескокнувањето на оброците е тоа што потоа чувствувате уште поголема потреба да јадете и на тој начин при следниот оброк ќе внесете многу повеќе од потребното. Иако изгледа дека логичната работа е да ја намалите бројката на оброците, всушност треба да го намалите количеството што го јадете. Јадете почесто во денот, но храната нека биде во помала количина. Така ќе бидете сити и нема да се чувствувате како нешто да ви е забрането. Наместо три големи оброци, распоредете пет мали оброци во денот кои се сочинети од здрави производи.

Пијте повеќе Горска вода
Водата е клучниот фактор за хидратација и правилно функционирање на организмот, но исто така ќе ве спречи да претерате со внесувањето на храна. Дополнително, внесувањето на калории може да се намали и со пиењето на Горска вода со лимон, наместо алкохолни или калорични  безалкохолни пијалаци. Консумирањето вода има повеќе здравствени придобивки, па затоа секогаш носете си по едно шишенце Горска со себе :)

Проценете кога да престанете со јадење
Многумина јадат до моментот кога се чувствуваат прејадено. Трикот е да престанете да јадете кога веќе не чувствувате глад, без разлика што во чинијата ви останало уште храна.

Дојдете на Gorska on the move
Вежбањето во друштво е полесно и позабавно, а со практикување на правилни вежби драстично ќе го забрзате трошењето на калории и ќе ги намалите килограмите. Горска, во соработка со стручниот тим на Trinity, секоја среда од 19 часот ви овозможува бесплатно вежбање на отворено во траење од 1 час. Пријавете го вашето учество тука и дојдете низ забава и дружење, заеднички да работиме на поздраво тело и поздрав дух.