- Македонски
- English
- Shqip

За време на ладните периоди не чувствуваме некоја особена жед, а не сме свесни за тоа дека дехидрацијата влијае лошо на нашите коски. Дехидрацијата може да направи да се чувствувате уморено, да чувствувате главоболки, да имате срцеви прескоци (палпитации) и слично.
Овие совети ќе ве потсетат да му ја дадете потребната хидрација на вашето тело и коски. Ќе бидете изненадени од тоа колку се тие лесни и ефикасни!
Сите клеточни функции, вклучително и коскеното ремоделирање, изискуваат вода. Без адекватен внес на вода, телото лесно влегува во состојба на дехидрација, а најлошиот момент во сето тоа е, што не сме ни свесни. Како одговор на стресот предизвикан од дехидрација, ендокриниот систем лачи кортисол и други стрес хормони кои го забрзуваат губењето на коскената маса.
Наместете лепливи белешки на одбрани места од вашиот дом во кои го поминувате најголемото време од денот. Или, како алтернатива:
Доколку вкусот на водата ви е „досаден“, одберете овошен вкус – како Горска со вкус на лимон. Или пак, збогатете го вкусот по ваша желба. Во водата покиснете сечени парчиња овошје, зеленчук или цели билки. Идејата е сите овие прехранбени продукти да се стават во стаклен сад и потоа да се остават во фрижидер за водата да го добие нивниот вкус. Може да користите голем сад или пак да ја распределите водата во индивидуални помали чаши.
Еве неколку вкусни комбинации:
Пиењето Горска вода низ текот на целиот ден (наспроти пиење вода ретко, но во големи количини) е добар старт за да создадете здрава навика за правилна хидрација на телото и коските. Таа не само што го подобрува варењето на храната и ве спречува да се прејадете, туку е и супер начин да запомните дека треба да пиете повеќе вода – едноставно создавате навика врз нешто што веќе го правите регуларно, во случајов - јадењето на оброци.
Чувањето на Горска вода близу вашиот кревет навечер значи дека вие веќе имате спремен извор на вода доколку се разбудите ожеднати некое време во ноќта.
Одредени прехрамбени продукти се едни од најдобрите извори на чиста вода. Во продолжение се некои од овошјата и зеленчуците кои содржат најмногу вода:
Доколку сакате супи, сега ќе имате причина плус да јадете уште повеќе. Супите се едноставни за подготовка, содржат минерали кои помагаат вашите коски да останат еластични и силни и претставуваат одличен и здрав начин за брзо хидрирање на вашето тело. Секогаш давајте предност на домашно приготвените супи пред оние од продавница, кои често знаат да содржат преголемо количество на сол.