Со повеќе вода против сезонските алергии

Цвеќињата кај многумина од нас предизвикуваат солзи, но не секогаш на романтичен начин. Освен зголемената концентрација на полен и прашина, сезонската алергија може да ја зголемат и некои други фактори за кои најчесто не сме свесни.

Солзи во очите, затнат нос, бесконечно кивање... Ова се некои од симптомите кои излудуваат голем дел од популацијата за време на сезонската алергија на полен и прашина. Луѓето кои се алергични на полен и прашина можат да ги ублажат овие симптоми доколку променат некои од навиките кои ги засилуваат алергиските реакции.

Попладневно туширање
Ако имате навика да се туширате сабајле наместо навечер, можеби треба да ја промените оваа навика. Честичките од полен и прашина кои лебдат во воздухот и во текот на целиот ден се лепат на вашата облека, коса и кожа – па затоа најдобро е да ги отстраните со долго и релаксирачко туширање пред воопшто тие да дојдат во контакт со сите простории во вашиот дом.

Избегнувајте капење во затворени базени
Хлорот кој се наоѓа во базените делува надразнувачки на очите и дишните патишта, особено во затворените базени каде што има недостаток на кислород. Испитувањата покажуваат дека тинејџерите кои поминуваат повеќе од 100 часа во затворени базени богати со хлор во водата, имаат до 7 пати поголем ризик за добивање на грозница од полен, од оние тинејџери кои користат нехлорирани базени.

Повеќе сон, а помалку стрес
Луѓето кои патат од сезонска алергија доживуваат засилени симптоми доколку се изложени на стресни ситуации. Причина за тоа е зголеменото лачење на антитела и протеини одговорни за алергиските реакции. Ако сте често изложени на стрес, последиците од алергијата може да ги ублажите единствено со доволна количина на сон. Недостатокот на сон го зголемува стресот, а со тоа и алергиската реакција.

Консумирајте повеќе Горска вода

Колку се придржувате до препораката за консумирање на 8 чаши вода дневно? Иако оваа препорачана количина може да варира во зависност од физичката активност во текот на денот и може да биде поголема или помала, сепак имајте ја на ум доколку страдате од алергии. Докторите сметаат дека астмата и сезонските алергии може да се стабилизираат и коригираат со консумирање на повеќе вода. Водата предизвикува продукцијата на хистамин да се пренасочи затоа што тој има основна улога во водната регулација и во телесните програми за контрола на хидратацијата на организмот. Луѓето што страдаат од астма или имаат алергични реакции на полен треба да обрнат внимание на секојдневното примање соодветно количество на вода и соли, а да го намалат внесот на кафе и алкохол.

Не чекајте да кивнете за да ви кажат „на здравје“, туку наздравете со најквалитетната олигоминерална Горска вода! :)