Со 8 чаши вода на ден до стомак намален

Колку и да изгледа неверојатно, водата најверојатно е најважниот каталист во губењето на килограмите и спречување на истите да се вратат. Иако повеќето од нас ја сфаќаат здраво за готово, водата е можеби е единствената вистинска „магична напивка“ за перманентно губење на вишокот килограми.

Водата го потиснува апетитот по природен пат и му помага на телото да ги метаболизира насобраните масни наслаги. Повеќе студии покажале дека намалувањето на внесената количина на вода предизвикува зголемување на масните наслаги, додека зголемувањето на консумираната количина вода може да ги намали истите.

Еве и зошто: Бубрезите не можат да функционираат соодветно без доволно вода. Кога не работат со полн капацитет, дел од нивната оптовареност се префрла врз црниот дроб. Една од примарните функции на црниот дроб е да ги метаболизира складираните масти во енергија за користење на телото. Но, ако црниот дроб мора да работи дел од работата на бубрезите, не може да функционира со полн капацитет. Како резултат, ќе метаболизира помалку масти, а повеќе ќе останат складирани на телото и слабеењето престанува.

Пиењето вода е најдобриот начин за борба против задржувањето течности. Кога телото добива помалку вода, тоа го сфаќа како закана за преживување и започнува да ја задржува секоја капка. Таа вода се складира надвор од клетките и се појавува во вид на отечени стапала, нозе и дланки.

Диуретиците, во најдобар случај, нудат привремено решение. Тие ја истиснуваат складираната вода, заедно со некои есеннцијални хранливи состојки. И повторно, телото ова го сфаќа како закана и ја заменува изгубената вода при првата прилика, со тоа што, истата состојба брзо се враќа.

Најдобриот начин да се надмине проблемот со задржувањето вода е да му се даде на телото тоа што му треба – многу вода. Само во тој случај, складираната вода ќе биде ослободена.

Ако имате постојан проблем со задржување на водата, можеби за тоа треба да ја обвините поголемата консумирана количина на сол. Вашето тело го толерира натриумот само до одредена концентрација. Колку што повеќе јадете сол, толку повеќе вашиот организам ја задржува водата за да може да го разреди.

Но, ослободувањето од непотребната сол е лесно – само пијте повеќе вода. Како што поминува низ бубрезите, така го носи вишокот натриум.

На лицата со прекумерна тежина им е потребно повеќе вода, отколку на послабите, бидејќи потребно е повеќе вода за да го „размрда“ нивниот метаболизм.

Водата помага да се задржи тонираноста на мускулите, давајќи им ја нивната природна можност да се контрахираат и заштитувајќи ги од дехидрација. Исто така, помага и во намалување на појавата на „свисната кожа“, резултат на намалувањето на тежината – водата ги стеснува клетките на кожата, правејќи ја чиста, здрава и цврста.

Водата помага и во ослободување на телото од непотребни матери. Во период на слабеење, телото има повеќе непотребни материи од кои треба да се ослободи – сите метаболизирани масти мора да се исфрлат, а адекватната количина на вода може да помогне во тоа.

Водата исто така помага и при запек. Кога организмот добива премалку вода, го затвора она што му е потребно од внатрешните извори. Дебелото црево е еден од примарните извори. Резултат? Запек. Но, кога личноста пие доволно вода, нормалното фукнционирање на метаболизмот се враќа.

Сумирано, еве ги главните заклучоци:

  • Телото не функционира нормално без доволно вода и не може да ги метаболизира скалдираните масти ефикасно.
  • Задржаната вода се појавува како вишок килограми.
  • За да се ослободите од задржаната вода, мора да пиете повеќе вода.
  • Пиењето вода е есенцијално за намалувањето на тежината.

Колку вода е доволно? Просечно, човекот треба да пие 8 чаши од 250мл дневно. Тоа е околу 2 литри вода. Но, човек со прекумерна тежина треба да пие една дополнителна чаша за секои 10 килограми вишок. Исто така, количината што треба да се испие се зголемува, ако сте физички активни или времето е жешко или суво.

Водата се препорачува да биде ладна, бидејќи системот ја апсорбира многу побрзо, отколку топлата вода. А, постојат и одредени докази кои посочуваат дека пиењето ладна вода всушност може да помогне во согорувањето на калории.

Затоа, чувајте Горска вода редовно со вас и консумирајте ја постепено, распоредена во текот на утрото, пладнето и вечерта.