Сертификати

Одговорно тврдиме дека ГОРСКА е првиот македонски бренд кој ги постави стандардите за производство и продажба на пакувана вода.

  • Горска вода е тестирана според директивата 98/83/EC во врска со директивите 2009/54/EC и 2003/40/EC на Европскиот парламент и совет од 18 јуни 2009 и 16 мај 2003. Хемиските и микробиолошките анализи се извршени од SGS INSTITUTE FRESENIUS од Германија.
  • Компанијата КОДИНГ ГОРСКА, во септември 2013 година, ја доби наградата Меѓународна ѕвезда за квалитет, која според Интернационалната Конвенција во Женева, е првата компанија во Македонија која ја добила оваа награда во Платинум категорија. Врвниот квалитет, иновација, технологија и грижата за портошувачите се само неколку од карактеристиките според кои КОДИНГ ГОРСКА ја заслужи оваа награда.
  • ГОРСКА вода е меѓу првите производители на природна минерална  вода и безалкохолни пијалоци во Македонија која го доби и меѓународниот сертификат “ISO 22000”,од реноминираното сертификационо тело “BSI”(BRITISH STANDARD INSTITUTE)
  • ГОРСКА се сертифицираше со ISO 14001:2004 како потврда за работа на  еколошки менаџмент систем
  • Во својот производен погон, ГОРСКА поседува најсовремена лабораторија (микробиолошка, физичкохемиска, биохемиска),  каде континуирано се следи квалитетот на водата. Редовни контролни испитувања врши и “ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”
  • ГОРСКА вода е единствената изворска вода во Македонија која подлежи на редовна контрола од страна на водечкиот европски институт “SGS INSTITUT FRESENIUS” од Германија.
  • ГОРСКА вода е прогласена за МАКЕДОНСКИ СУПЕРБРЕНД. Оваа титула е уште една потврда за нејзинот единствен вкус,врвен квалитет и препознатливост на брендот
  • Со постојано инвестирање во технологијата, подобрување на квалитетот на услугата, ширење на дистрибутивната мрежа, ГОРСКА и ГОРА, се прогласуваат за  Супербрендови за 2011/2012 година
  • Врз основа на прописите на „Меѓународната круна за квалитет“ (International Quality Crown) и критериумите на „Моделот за целосно раководење со квалитет QC100“ (QC100 Total Quality Management Model), компанијата КОДИНГ  е одбрана во Лондон во ноември 2012 година, да ја прими наградата „Меѓународната круна за квалитет“ (International Quality Crown) во Златната категорија.