Промоција на Горска + производите на “Аматерскиот хуманитарен велеслалом”

Оваа година повторно бевме дел од 18-тиот по ред Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово. Сите посетители  имаа можност да го посетат нашиот штанд и да ги пробаат сите вкусови на новите  Gorska+ функционалните води.

Нашата компанија со својата донација придонесе  за подобро реализирање на проектот  "PAWSITIVE IMPACT", за помош на бездомни животни, а собраните средства беа употребени за вдомување и вакцинација на бездомните животни во Општина Маврово и Ростуша.