Пролетно освежување на пазарот - Гора сокови со пулпи

Од неодамна, компанијата “Кодинг Горска” воведе нов производ на пазарот и го прошири своето богато портфолио со Гора Пулпи – негазирани сокови со пулпа. Гора соковите со пулпи можат да се најдат во 4 вкуса – лимон, портокал, мандарина и портокал и манго, спакувани во PET. амбалажа од 1,5л. Компанијата “Кодинг Горска Дооел” започна со производство на Гора соковите во 2008 година. Оттогаш асортиманот на брендот Гора, следејќи ги светските трендови и потребите на потрошувачите постојано се проширува, најпрвин со негазирани сокови, потоа газираните сокови и ледените чаеви, и на крај Гора соковите со пулпи.

Од Горска велат : “Постојано работиме на развој и унапредување на нашите производи. Воведувањето на Гора Пулпи беше предизвик за нас пред се бидејќи ваков производ за прв пат се лансира на пазарот во Македонија. По долга анализа и работа на овој проект горди сме што на некој начин успеавме да донесеме свежина на пазарот.”

Гора соковите се полнат со природна изворска Горска вода и содржат природни овошни концентрати кои ги произведуваат светските реномирани компании Wild од Германија и Etol – Frutarom од Словенија. Процесот на прозводство и квалитетот на Гора соковите ги задоволуваат највисоките светски стандарди, за што говорат и многубројните признанија и сертификати и рекациите на потрошувачите.

Гора соковите со пулпи нудат освежување кое содржи витамини, хранлива вредност и течности кои се потребни за одржување на хидратација во текот на целиот ден. Со конзумирање на две чаши Гора Пулпи  се задоволуваат просечните дневни потреби за витамини на човековиот организам.

 

Гора, Ритамот на свежината