Прочистување на организмот во неколку чекори

Горска вода

Преголемата количина на масти, шеќери и алкохол го оптоваруваат организмот. Лошата вест е дека ова оптоварување може да предизвика и сериозни оштетувања. Добрата вест е дека вашиот организам има превентивна способност и ви дава знаци кога треба да реагирате и да го исчистите. А еве како можете да му помогнете:

Вода

 Кога размислувате за детоксикација, никако не ја заборавајте водата, посебно ако сте јаделе сува храна. Шест до осум чаши на ден треба да ви биде доволно за поттикнување на природните процеси за чистење на организмот, како и за почиста кожа и повеќе енергија.

Ние ви ја препорачуваме нашата ГОРСКА вода која е единствената олигоминерална вода идеална за дневна консумација, која не само што не го оптоварува дигестивниот систем, туку и го подобрува. Разликата помеѓу ГОРСКА и другите води е во идеално избалансираниот состав на минерали, олигоелементи и многу низок процент на натриум, без никаков дополнителен третман кој ГОРСКА го поседува.

Пијалоци за чистење

Природните пијалоци можат да помогнат во чистење на вашиот организам и во подобрување на системот за дигестија, да ви дадат посвеж изглед и да ја надоместат изгубената сила. Во овој случај, треба да запаметете дека природните пијалоци се секогаш подобри од кои и да е производ кој ветува детоксикација.

Зелен чај                  

Зелениот чај може да ја задоволи жедта во летните денови и да ве смири во зимските вечери. Тој го чисти организмот со антиоксидансите што ги содржи. За да го подобрите метаболизмот, пијте четири до шест шолји зелен чај на ден и избегнувајте леб, тестенини, сирење, млеко и шеќер во тој период.

 Лимон

 „Генералката“ со лимонот го стимулира дигестивниот систем, особено доколку го пиете со природен шеќер. Рецептот содржи цеден пола лимон, лажичка мед или природен шеќер, малку лута пиперка и 2,5 децилитри вода, а најдобро е да се консумира наутро.

Направете пауза од алкохолот

Не треба да ви кажеме дека алкохолот негативно влијае врз организмот и им штети на бубрезите и црниот дроб. Колку подолго користите алкохол или некои наркотици, толку оштетувањето е поголемо, што може да доведе до откажување на некои органи, дијабетес, прекумерна тежина... Затоа, одвреме-навреме направете пауза од алкохол, дури и ако го консумирате умерено, за да го исчистите организмот.

 

Листа на добри намирници за прочистување на организмот: Покрај физичката активност која е примарна, како и пијалоците кои ги наведовме, еве и кои намирници се добар избор за чистење на организмот: брокула, зелка, морков, праска, карфиол и целер.