- Македонски
- English
- Shqip

Постојат три типа на спортски пијалаци: изотoнични, хипотонични и хипертонични, во зависност од износот на јаглехидрати кои го содржат во составот. Изотоничните пијалаци содржат 6-8% јаглехидрати, вклучувајќи ја гликозата - пoтребниот извор на енергија на вашето тело за вежбање.
Осмолалниот рејтинг на изотоничните пијалоци е најприближен до оној на природниот баланс на течности на телото, што е една од причините зошто овие пијалоци се толку популарни меѓу тркачите и останатите спортисти.
Електролити
Електролитите се есенцијалните минерали кои помагаат за одржување на киселинско-базната рамнотежа во клетките на натриумот, калиумот, калциумот, магнезиумот, хлоридите, бикарбонатите, фосфатите и сулфатите на вашето тело. Едно истражување од Холандија покажува дека на испитаниците на кои им бил даден изотоничен пијалак, задржале повеќе натриум, магнезиум и калциум во нивните тела – доволно за да се компензира за течноста која ја губиме преку потта и мокрењето.
Гликоза
Јагленохидратниот гликоген кој се претвора во гликоза и се складира во црниот дроб и мускулите, бара повеќе кислород за изгореното гориво на организмот од протеините и мастите. На пример, кај типичен машки спортист, во црниот дроб се складирани 90 грама гликоген, и 400 грама во мускулите. За време на напорни вежби, складот на јаглехидрати може да се намали по стапка од три до четири грама по минута, кој речиси може да ги исцрпи сите резерви на телото при непрекинато вежбање од 2 до 3 часа. На телото вообичаено му требаат од еден до два дена за природно да ги надомести овие резерви, но со ГорскаСпорт Изотoник ќе го вратите балансот на гликоген многу побрзо!
Хидратација
Би било сосема логично додека се потиме, за време на вежбањето, да консумираме вода, но водата може да предизвика надуеност и не содржи јаглехидрати и електролити. Колку е повисоко нивото на јаглехидрати, толку поспоро е празнењето на желудникот. Испразнувањето на желудникот од изотоничните пијалаци во количина слична на водата, ја намалува продукцијата на урина и го поттикнува задржувањето на флуди, како би се спречила дехидрација.
Издржливост
Истражувачите од универзитетот од Единбург ги мереле ефектите од изотоничните спортски пијалаци на млади атлетичари за време на вежбањето, кои ги консумирале пијалаците пред и за време на игрите. Резултатите, објавени во „Европскиот весник на применета физиологија“ во 1990 година покажале дека изотоничната хидратација им дозволува на спортистите да продолжат со високо интензивната стоп-старт активност до 24% подолго од оние кои пијат плацебо раствори.