Предностите на консумирањето вода кај децата

Водата е еден од главните нутриенти за секој жив организам, а нејзината важност е многу поголема кај децата, отколку кај возрасните. Но, важноста е помалку нагласена во таканаречените нутруционистички водичи за деца, како и за возрасните, затоа тука ви ги претставуваме корисностите кои водата ги има за младите организми.

Водата има поголем број улоги во детскиот организам, а сите ги извршува преку соодветна хидратација на истиот. Доколку телото не добива соодветна хидратација, сите останатите нутриенти нема да можат ефективно да се обработат, метаболизмот нема ефикасно да работи, додека клеточната функција ќе биде пореметена во целиот организам. Кога вашето дете го снабдува неготово тело со вода, хранливите вредности внесени со храната, имаат поголеми можности да бидат ефикасно транспортирани низ сите негови внатрешни органи.

Другата улога на водата во детскиот организам, која исто така е многу важна, е отстранувањето на токсините кои можат да доведат до разни болести. Редовното снабдувањето на организмот со доволна количина на вода може да му помогне на детето да ги прочисти органите, за токсините да не можат да предизвикаат штета.

Потребите и предностите

Мислењата дека, поради тоа што децата се многу помали од возрасните, количината на вода која што треба да ја консумираат, треба да биде помала од таа на возрасните, не е вистина. Всушност, децата треба да пијат повеќе вода за да одржат адекватна хидратација на телото, за разлика од возрасните што живеат во истата околина. Особено треба да се внимава за количината на внесената вода кога детето си игра, трча или има поголема физичка активност.

Друга важна работа која треба да се запамети е дека механизмот за жед на детето не е доволно развиен за да предизвика чувство на жед пред да настапи дехидратација, туку најчесто децата почнуваат да пијат вода кога нивното тело станува дехидрирано до одреден степен.

Подобрување на училишните резултати

Уште едно откритие во врска со дехидрацијата е тоа што, способноста да се концетрира и квалитетот на менталното функционирање,не се возможни ако детето почнува да дехидрира. Според тоа, ако вашето дете не пие доволно вода на училитште, може да даде потпросечни резултати, споредено со останатите ученици, а тоа ќе влијае и на крајните оценки.

Подобри резултати при спортување

Кога децата не внесуваат доволно течности, тие имаат помала желба и способност да извршуваат физички активности, а дури и да бидат физички активни, нема да бидат во можност да издржат многу долго, во споредба со децата кои се добро хидрирани. Затоа, децата кои се дури и благо дехидрирани, нема да бидат во можност да покажат исклучително ниво и перформанс во нивните физички ангажмани.

Адекватно растење и развивање

Освен физичката и менталната функција, на децата им треба повеќе вода и за нормален раст и развој, особено во периодот кога нивните тела се развиваат и растат побрзо. Бидејќи имаат побрз метаболизам, децата мора да консумираат повеќе вода и секое намалување на внесувањето може да доведе до послаба метаболичко функционирање, а со тоа и до подоптимални нивоа на раст.

Кога ќе го земете сè ова предвид, охрабрувањето на децата да внесуваат доволно вода е клучно за да ја спречите нивната дехидрација. Иако постојат многу други течности достапни за пиење, како што се газираните и овошните сокови, сепак тие не можат да и парираат на користа која децата ја имаат од консумирањето чиста, изворска вода. Исто така, за најмладите, препорачливо е да си носат нивни шишиња за вода, бидејќи тоа ќе им служи како потсетник да пијат повеќе вода. Токму за нив, Горска почна да ја произведува Горска Јуниор, при чие производство се врши најстрога контрола на квалитет и двојна филтрација, а дополнително ги содржи и сите потребни елементи за нормален развој на детското тело.