Предности на консумирањето газирана минерална вода

Која е првата асоцијација на газирана минерална вода? Пенливи меурчиња и освежителен вкус! Но, знаете ли дека постојат бројни предности во консумирањето на овој пијалак? Освен што ја одржува хидратацијата на вашето тело, газираната минерална вода носи и други бенефити по здравјето, како резултат на својот балансиран минерален состав. Затоа, наточете си една чаша газирана Горска вода, додадете малку лимон и уживајте додека работите на подобрување на вашето здравје!

Запознавање со основите: Хидратација
Постојат доста луѓе на кои вкусот на обичната, негазирана вода, не им е доволно привлечен, па како резултат на тоа не пијат доволно вода во текот на денот. Сепак, правилната хидратација е клуч за оптимално здравје – а водата е совршената течност за генерална хидратација затоа што не содржи калории и шеќер. Адекватната хидратација го поттикнува доброто здравје со ладење на телото и одржување на влажност на вашите усни, нос и очи, овозможувајќи оптимално функционирање на мускулите и зглобовите, одржувајќи ја кожата здрава, чистејќи го телото од токсини и подобрувајќи го кардиоваскуларното здравје. Ако не може да се убедите себеси да пиете доволно обична вода, тогаш можеби токму газираната минерална вода ќе го „скокотне“ вашиот вкус и ќе ви помогне за подобрување на дневната хидратација.

Богат извор на калциум
Оваа вода се нарекува „минерална“ поради добра причина. Таа содржи значително ниво на минерали, вклучувајќи калциум. Овој минерал е познат по својата улога во зацврстувањето на коските и подобрување на мускулните функции (вклучувајќи ја и работата на срцевиот мускул), клеточната сигнализација, нервна трансмисија и хормонална секреција. Комбинацијата на балансирана диета, со пиењето на газирана вода која содржи минерали и минерални соли, гарантираат благосостојба на вашите витални функции, психолошкото и физичкото здравје.

Повеќе магнезиум во вашата диета
Магнезиумот игра важна улога во голем број биолошки функции, како што се синтезата на протеини, мускулната и нервната функција, како и регулацијата на шеќер во крвта и крвниот притисок. Магнезиумот е исто така потребен за правилно создавање на енергија. Според студијата објавена од „The American Journal of Clinical Nutrition“, многу луѓе не внесуваат доволна количина на магнезиум преку своите диети. Истата студија потенцира дека минералната вода овозможува значајна содржина на магнезиум во природно, некалорично пакување.