Правилна хидратација – зошто, кога и како?

Веќе знаеме дека консумирањето на доволно течности е важно за вашето здравје. Здравите луѓе, освен што ги задоволуваат своите потреби за вода кога се жедни, консумираат вода и кога не чувствуваат жед и редовно ја пијат за време на оброците. 

Повеќето од вашите потреби за течности се задоволуваат преку водата и пијалаците кои ги внесувате. Сепак, до некои течности можете да дојдете и преку храната која ја јадете. На пример, густите супи и храната со високо количество на вода во себе, како целерот, доматите или лубеницата, можат да придонесат за правилно снабдување на вашиот организам со течности.

Како водата му помага на вашето тело?
• Ја одржува вашата температура во нормала
• Ги подмачкува и амортизира зглобовите
• Го штити ‘рбетниот мозок и други нежни ткива
• Ја подобрува циркулацијата
• Помага во одржување на концентрацијата
• Ја активира работата на внатрешните органи и го потпомага варењето на храната
• Ја надополнува загубата на течности изгубена при потење или извршување на физиолошки потреби

Кога е потребен поголем внес на течности?
• Кога сте изложени на топла клима
• Кога сте повеќе физички активни (спортувате)
• Кога имате треска, дијареа или повраќате

Имате впечаток дека не консумирате доволно вода?
• Понесете шише Горска вода додека сте на работа или за време на извршување на некоја обврска
• Секогаш дајте и приоритет на природната, изворска Горска вода – пред кафето или другите пијалаци кои содржат шеќер и кофеин. Оваа практика ќе ви помогне и околу намалувањето на килограмите

• Ставете парче лимон или лимета во водата. Ова ќе ви помогне да го збогатите вкусот, а со тоа и да испиете и многу поголемо количество вода.
• Доколку планирате да јадете брза храна во текот на работниот ден, понесете Горска вода со вас. Така, покрај тоа што ќе заштедите пари за купување на пијалаци, ќе го намалите и внесот на дополнителни калории
• Секогаш чувајте неколку шишиња Горска во ладилник. Понесете едно со себе доколку сакате „мраз“ ладна вода во текот на целиот ден :)