
Процесот на производство на ГОРСКА вода се состои од два дела:
Целокупниот процес на полнење на ГОРСКА вода се одвива според “Ultra clean” технологија за производство на пакувана вода, која ги задоволува највисоките светски стандарди за хигиенски здрав,безбеден и квалитетен производ.
За комплетно задоволство на сите вкусови, водата се пакува во ПЕТ и во стаклена амбалажа. Се продава како негазирана, газирана и газирана со вкус на лимон, а ги опфаќа и сите сегменти на пазарот: фамилијарна ПЕТ амбалажа од 6л, 1.5л, 1л, 0.5л и 0.33л за малопродажба и стаклена амбалажа од 1л, 0.25л за ХОРЕКА пазарот. За најмладите ГОРСКА ја произведува ГОРСКА ЈУНИОР при чие производство се врши најстрога контрола на квалитетот и двојна филтрација. ГОРСКА е лидер во полнење и дистрибуција на вода во пакувана, повратна амбалажа од 19 литри и неповратна амбалажа од 10 литри.
Компанијата КОДИНГ ГОРСКА во својот асортиман на производи, ги вклучува ГОРА негазираните сокови во ПЕТ пакување од 1.5л, 1л и 0.5л со вкус на портокал, праска, зелено јаболко, мултиред, мултивитамин како и Гора негазирани сокови збогатени со пулпа, со вкус на лимон, портокал, мандарина и манго-портокал, во ПЕТ амбалажа од 1.5л и 0.5л. Во палетата на производи, покрај негазираните сокови, влегуваат и ГОРА газираните сокови кола, оранж и газоза, портфолиото е збогатено и со ГОРА ледени чаеви во ПЕТ пакување од 1.5л, 1л и 0.5л со вкус на лимон, праска и брусница. Во сегментот на енергетски пијалоци, се наоѓа енергетскиот пијалак ГОРСКА МЕЧКА кој го има во ПЕТ пакување од 0.33л. За корисниците кои знаат што е најдобро за своето здравје, Горска нуди вода со Л-карнитин како и Горска Изотоник, во ПЕТ амбалажа од 0,5л со спортско капаче.
Поради сето ова ГОРСКА е единствен и правилен избор за освежување во секоја пригода.