Може ли да замислите што сè може да направи 1 чаша вода?

Пиењето доволна количина на вода е важно за целокупното здравје, но и за убавината. Целиот труд кој го вложувате во негата е залуден, ако не пиете доволно течности. Водата е дефинитивно најнеопходниот пијалак што постои, бидејќи без овој еликсир на животот нашиот организам не би можел да функционира. Водата ги разградува и пренесува хранливите супстанции низ телото, обезбедувајќи им непречена работа на сите органи и е вклучена во отстранувањето на отровите од нив, како и во одржувањето на влажноста на секое делче од телото.  За да го зачуваме нашето здравје, за да имаме млада, еластична и здрава кожа и за да правилно ни функционира секој дел од нашето тело, потребно е секојдневно да консумираме минимум 2 литри вода на ден. Ова е наједноставниот начин да превенираме голем број болести.

Но, познато ли ви е што може да направи консумирањето на само една чаша вода во одреден момент од денот?

- 1 чаша вода после будење ја активира работата на внатрешните органи.

- 1 чаша вода половина час пред оброкот го потпомага варењето.

- 1 чаша вода пред капење го намалува крвниот притисок.

- 1 чаша вода пред одење во кревет спречува мозочен и срцев удар.

А меѓудругото ќе ви помогне и за:

- Кожата да изгледа ревитализирано.

-  Да ја подобрите циркулацијата и протокот на крв

-  Да ја намалите потеченоста на кожата.

-   Да му помогнете на вашето тело да се ослободи од токсините.

-  Да ви помогне лесно да се концентрирате и да бидете активни.

Применете ги овие совети, за кратко време ќе ја забележите разликата.