#МоментотКога – Instagram натпревар во организација на Горска

Споделете ги моментите на уживање!

Горска вода го објавува стартот на својот фотографски натпревар наречен #МоментотКога, кој ќе се одвива на социјалната мрежа за споделување на видеa и фотографии – Instagram. Овој интересен проект ја поврзува Instagram заедницата во Македонија со фотографската уметност, креативното изразување, урбаниот начин на живот и брендот Горска – како редовен поддржувач на разни манифестации од областа на уметноста, културата и спортот.

Во периодот од 17-ти ноември до 21-ви декември, македонските „инстаграмџии“ преку своите фотографии ќе може да го споделат #МоментотКога се радуваат, уживаат или едноставно се воодушевуваат од глетка која вреди да се овековечи со фотографија.

Со тоа, натпреварот не се фокусира на одредена тема, туку отвора можност за фотографирање на различни теми, субјекти и локации кои може да послужат како инспирација за добра Instagram фотографија.

Основен услов за учество во натпреварот е корисниците да ја објават својата фотографија на Instagram со хаштаг #МоментотКога и да го тагираат профилот на @gorskavodamk. Пријавените фотографии автоматски ќе бидат преземени и прикажани во апликацијата на фан страницата на Горска вода, каде ќе се одвива гласањето и прогласувањето на најдобрите фотографии.

Натпреварот ќе трае 5 седмици. Во првите четири етапи процесот на пријавување ќе се одвива самостојно од страна на учесниците. Во последната, петта етапа, нема да се објавуваат нови фотографии, туку 20 од сите претходно пријавени фотографии ќе бидат селектирани од страна на жири комисија и ставени на финално гласање.

Секоја седмица авторите на најдобрите три фотографии ќе добијат подароци за постигнатиот успех. Авторот на првопласираната фотографија ќе добие таблет компјутер, второпласираната ќе добие мини фрижидер, а третото место ќе биде наградено со диспензер за вода.

Објавувањето на фотографии е започнато! Споделете ја вашата фотографија на Instagram со хаштаг #МоментотКога, тагирајте го профилот на @gorskavodamk и натпреварувајте се за некој од вредните подароци!