
За понежниот пол, вечерва препорачуваме природна маска за лице од мед и лимон, која е погодна за сите типови на кожа. Потребно ви е: 1 мал сад, 2 лажички мед и 1 лажичка свеж сок од лимон.
Чекор 1: Земете мал сад со две лажички мед.
Чекор 2: Додадете една лажичка сок од лимон во него.
Чекор 3: Измешајте ја смесата, нанесете ја на чиста влажна кожа и оставете ја 20 минути.
Чекор 4: Наместо да го исплакнете лицето, маската отстранете ја со чист влажен памук.