Ладната вода како лек

Главната “состојка“ на нашето тело - водата, освен што ја гасне жедта и нè одржува во живот, е моќно средство за справување со бројни тегоби.

Наместо седатив


Доколку имате проблеми со нервоза и возбудување, се препорачува миење на лицето со ладна вода. Оваа техника ја намалува реакцијата на телото на стрес. Ладната вода помага во регулацијата на телесната топлина, ги забавува отчукувањата на срцето и прилично брзо ја редуцира анксиозноста.

 

За сјајна коса


Миењето на косата со ладна вода може да ја направи сјајна. Имено, ладната вода во комбинација со воздухот помага да се зацврстат кутикулите (внатрешната обвивка на влакното) на косата, а на тој начин светлоста подобро се рефлектира.

 За намалување на килограмите


Долго се дебатирало околу тоа дали пиењето на ладна вода може да помогне во губењето на килограми, а сега тоа е и научно потврдено. Имено, со оваа „метода“ може да очекувате согорување на 70 дополнителни калории дневно.

Ја намалува главоболката


Еден од начините да се ослободите од главоболката без да посегнете по апче, е наизменично туширање со топла и ладна вода. Доколку оваа метода ви се чини премногу непријатна, можете да го испробате следниов начин - намокрете газа во ладна вода и ставете ја врз челото. Ова би требало да ви ги олесни симптомите.

Побрза циркулација и заздравување на мускулите


Како и во случајот на главоболка, наизменичното изложување на топла и ладна вода може да ја подобри циркулацијата, со оглед на тоа што топлата вода го поттикнува протокот на крв во кожата за да се заштитат органите, додека ладната вода ја носи крвта во органите и на тој начин ја одржува топлината.

Ладната вода е исто така тајна на многу професионални спортисти кои на овој начин го поттикнуваат заздравувањето на мускулите, намалувајќи ги воспаленијата и отекувањето.