Квалитет

Грижејќи се  за своето здравје, потрошувачите со големо внимание ја одбираат водата за пиење. Трендот на конзумирање пакувана, лабораториски тестирана  вода насекаде во светот, па и кај нас е се поголем.


За водата да има позитивно влијание, освен за количината на испиената вода секако треба да се внимава и на нејзиниот квалитет. Доколку во организмот се внесува вода со добар квалитет и општата состојба на организмот ќе биде на задоволувачко ниво.

Во својот многугодишен пат низ природните минерални филтри, потполно заштитена од допирите со надворешниот свет, ГОРСКА го збогатува својот состав со различни минерали. Поради нејзиниот извонредно урамнотежен и стабилен минерален состав, таа се карактеризира со лесен и освежителен вкус.

Количината вода ШТО треба да се внесе во организмот, зависи од дневниот баланс помеѓу количината на внесената вода и онаа што е изгубена. Калиумот е еден од главните јони во клетката чие значење е еднакво со тоа на натриумот во течноста надвор од nea. Овие минерали, кои ГОРСКА ги содржи во приближно еднаков процент, се одговорни за балансот на водата во организмот, односно, за одржување на осмотскиот притисок во клетката.

Единствениот баланс на калциум и магнезиум овозможува ГОРСКА да ве разлади и освежи, а во исто време да ги надополни изгубените телесни течности и да направи да се чувствувате здраво.

ГОРСКА вода со нискиот процент на застапеност на минерали и со концетрацијата на сув остаток од само 168 мг/л, се наоѓа на врвот на високо квалитетни нискоминерални води.

Огромната предност на ГОРСКА, во однос на другите води, е токму нејзиниот природно нискоминерален состав. Toj дозволува конзумација на водата во неограничени количини без непотребно оптеретување на организмот.

 

ПОЛИТИКА  ЗА  КВАЛИТЕТ, БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА И ЖИВОТНА СРЕДИНА 

 

“КОДИНГ-ГОРСКА” ДООЕЛ Скопје е компанија која произведува пакувана изворска вода и безалкохолни пијалоци од 2004 година, земајќи ги во предвид релевантните надворешни и внатрешни фактори и сите заинтересирани страни, се определува, во целост да ја спроведува ПОЛИТИКАТА ЗА  КВАЛИТЕТ, БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА И ЖИВОТНА СРЕДИНА, која е во исто време рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет, безбедна храна и животна средина.

Суштинска стратегија и цел на нашата компанија е подобрување на услугите и посветеност за задоволување на барањата и очекувањата на клиентите за обезбедување на квалитетен и безбеден производ , креирајќи вредности за заинтересираните страни и зачувување на здрава животна средина.  

Остварување на оваа деловна ориентација ќе биде преку:

  • Континуирано унапредување на перформансите на процесите и ефикасноста на системите за управување со квалитет ,  безбеден производ и животна средина во согласност со барањата на ИСО 9001:2017, ИСО 22000:2018 и ИСО 14001:2015 стандардите, а воедно ги задоволува и барањата на купувачите  
  • Креирање деловен систем за квалитет ориентиран кон купувачите, со цел зголемување  на нивната  доверба, со намалени трошоци, оптимална потрошувачка на ресурси и профит на компанијата  
  • Ориентирање и прилагодување на пазарот, со цел зголемено учество на  истиот со квалитетен и безбеден производ, притоа водејќи грижа за животната средина  
  • Посветеност за  коректни односи со добавувачите,заради исполнување на  барањата на “КОДИНГ-ГОРСКА” и добавување на репроматеријали со константен квалитет и потврдена безбедност на истите, со партнерите и вработените, развивајќи на тој начин заеднички интерес за унапредување на системите и имиџот во бизнис опкружувањето  
  • Редовна контрола на нашите производи од овластени и акредитирани институции , што секако овозможува безбедност на производите  
  • Идентификување и елиминирање на сите ризици кои можат да предизвикаат закана за квалитетот,  безбедноста на производот и животната средина  
  • Перманентно го спроведува стручното оспособување за квалитетот на  вработените на  сите  нивоа и нивна едукација (теоретска и практична) за подигање на свеста за производство на квалитетна и безбедна храна со посетување на интерни и екстерни обуки  како и одржување на лична хигиена и животна средина;  
  • Води  грижа  за  подобрување  на  условите  за  работа,  опремата  и  знаењето  на вработените за да произведат здрава и безбедна храна без негативно влијание врз животната околина, како и врз здравјето на купувачите и потрошувачите, следејки ги сите закони за хигиена , здравствена заштита и животна средина.  
  • Континуиран мониторинг на ЦЦП, и верификација на ХАЦЦП планот со цел да се редуцира бројот на ЦЦП.  
  • Воспоставување на методи за следење на ефикасноста на процесите заради евалуација на планираните резултати како и нивното влијание врз животната средина  
  • Сите вработени имаат овластување да работат во рамките на нивните дефинирани одговорности, од аспект на квалитетот и безбедноста на храната и заштита на животната средина;  
  • Соработка и консултации со државни и други  институции и организации заради позитивен и ефективен придонес за општествен развој и унапредување 
  • Обезбедување на потребните ресурси за постигнување на очекуваните резултати,цели и програми за безбеден производ и квалитет на животната средина 

Со ваква стратегија “КОДИНГ-ГОРСКА” во иднина ќе обезбеди стабилен развој, конкурентност на пазарот, ефикасност,сигурност и доверба кај нашите потрошувачи, а раководството со целосна одговорност ќе се посвети на спроведување на Политиката и целите, како и мерките за постигнување на планираните резултати. 

Оваа политика ќе биде редовно преиспитувана заради обезбедување соодветност и ефективност, разбрана и достапна на сите заинтересирани страни.

Дата  10.01.2021, рев. 12