Консумирајте повеќе вода во текот на летниот период

Телесните функции на вашето тело најдобро функционираат на одредена температура. Кога организмот ќе се загрее, потребно му е ладење. За  да го оладиме телото, во нашиот организам се случуваат низа поврзани процеси.

Крвните садови се шират, го зголемуваат протокот на крв во кожата и  овозможуваат преголем степен на топлина да  загуби вашето тело. Започнуваме да се потиме. Испарувањето на потта ја лади кожата, која пак помага во ладење на целото тело, а  прекумерното потење, може да нè доведе до дехидрација.

Познато е дека во топлите периоди се потиме повеќе, особено при зголемана физичка активност на директна топлинска изложеност. Редовното пиење вода помага во надоместувањето на течностите кои ги губиме преку прекумерното потење. Ако не внесувате доволно вода, може да станете дехидрирани, а комбинацијата од висока температура и дехидрација, освен што има влијание врз вашата кожа и изглед, може да доведе до сериозни здравствени нарушувања.

 Симптоми на дехидрација

Кога стануваме дехидрирани, прво што чувствуваме е жед, суви усни и чувство на замор и вртоглавица. Исто така, летаргичноста е знак за дехидрираност. Останатите симптоми вклучуваат намалено производство на урина, урина со темно жолта боја, забрзано чукање на срцето, раздразливост и вдлабнатост во очите.

Дури и најмалата дехидрација може да биде проблем. Испитувањата покажуваат дека дури и дехидрацијата без клинички симптоми ги намалува когнитивните способности и физичката координација.

Совети за хидрирање на топлото време

- Започнете со хидрирање веднаш! Многу е полесно да се одржи балансот на течности доколку започнете во добро хидрирана состојба;

- Не пијте премногу големи количини вода одеднаш, тоа  може да доведе до хипонатремија (намалување на солите во крвта), наместо тоа - внесувајте вода често, но умерено;

- Направете распоред за редовни паузи во кои ќе консумирате течности и секогаш чувајте шише со вода до вас, кое ќе го користите за фреквентни голтки вода додека работите или вежбате;

- Не заборавајте да се напиете вода дури и откако ќе завршите со работа или вежбање;

- Грицкајте свежо овошје од типот на боровинки, лубеница, праски или кајсии;

Како ќе знаете дека имате внесено доволно вода?

 Еден начин за проверка на хидрацијата на телото е по бојата на вашата урина. Ако сте правилно хидрирани, таа ќе биде бела, бистра и ќе уринирате почесто. Исто така, вашата кожа ќе биде мека и еластична, а вашиот изглед свеж и здрав :)