Kолку вода ви треба додека вежбате?

Горска вежбањеВодата е многу значајна за правилна функција на организмот - правилно работење на органите за варење, на бубрезите, за нормалната структура и ‘рскавицата на зглобовите. Водата ги навлажнува очите, устата и дишните патишта, а важна е и за правилно функционирање на нервниот систем. Таа ја регулира телесната температура, го лади телото кога тоа е топло, заштитува од студ и му ги обезбедува на организамот најпотребните минерали, што е пак премногу значајно за луѓето кои се физички активни.

Без разлика кој спорт сте го избрале, никако не заборавајте колку е важна хидратацијата на организамот, бидејќи во текот на вежбањето ги трошите внатрешните течности преку потењето.

Телото има свој одбранбен механизам за да може да се заштити од негативните последици на дехидрирањето, а како индикација за тоа е главоболката. Поради тоа, многу е значајно редовно внесување вода. Водата треба да ја внесувате пред вежбањето, за време на вежбање и после тоа, но сепак тоа треба да биде во умерени количини.

Колку течности е потребно да внесувате во текот на вежбањето?

Мажите дневно треба да внесуваат вкупно околу 3 литри течност, жените околу 2 литри течност, а пак бремените жени во својот организам треба да внесуваат околу 2,5 литри течност.

Исто така,важно е правилно да го распоредите внесувањето на течностите во текот на денот, а најмногу треба да внимаватена тоа додека вежбате. Испијте 1 – 2 чаши вода 30 минути пред да започнете со вежбањето, 1 чаша вода на секои 15 минути во текот на вежбањето и на крајот, кога малку ќе се одморите, испијте уште 2 чаши вода.

Дали е можно да консумирате премногу вода?

Да, тоа е можно, иако е многу редок случај. Ова ретко се случува кај луѓе кои се физички активни, бидејќи тие секојдневно исфрлаат големи количества на течности од своето тело.

Најчести симптоми во случај на прекумерно внесување на течности во телото се појава на вртоглавица, потешкотии во организамот, апатија и конфузија, кои се јавуваат и во случај на дехидрација.

Поради тоа, многу е важно да го слушате вашето тело и неговите потреби. Исто така, потребно е и да се придржувате до препорачаните количини на течности кои треба да ги консумирате за да не ви се случи да дехидрирате или пак да внесете премногу течности.