„Кодинг Горска“-прва фабрика во регионот со еколошко производство

Компанијата „Кодинг Горска“ почна да користи зелена енергија, со што стана прва фабрика за вода и сокови во регионот со еколошко производство.

Користењето зелена енергија беше воведено во септември 2020 година.

Одржливиот начин на живот е само еден чекор понапред кон поголема еко - свест, и е значаен фактор за воспоставување рамнотежа помеѓу човекот и природата, велат од компанијата.

Со користење на сонцето како извор на обновлива енергија, заштедата на средствата за електрична енергија е меѓу 35-40 отсто на годишно ниво. Благодарение на фотоволтаичиот систем за производство на електрична енергија со инсталирана моќност од 614 kW, се спречува емисија на СО2 и се намалува емисијата на штетни гасови.

Со ова придонесуваме за заштита на животната средина и подобрување на секојдневниот живот.

Ја чуваме природата и се грижиме за околината, мислејќи на иднината!, порачуваат од „Кодинг Горска“.