Како да пиеме повеќе вода?

Правилната и постојаната хидратација е од суштинско значење за нашиот организам. Пиењето вода, иако е една од основните човечки потреби, честопати претставува нешто што забораваме да го правиме во текот на денот и тоа доведува да чувствуваме замор, намалена енергија и главоболка. Поради тоа решивме да ви понудиме неколку совети кои што би можеле да ги примените доколку сакате да консумирате повеќе вода и да бидете поздрави.

1. Додадете некој вид на природен засладувач на водата како што се лимонот, портокалот или пак нането. За максимален вкус, оставете ја да отстои во фрижидер неколку часа пред да ја пиете.

2. Јадете лута храна. Додавање макар и на мала количина на лут зачин како лутото пиперче во вашиот оброк, автоматски ќе ве натера до вас да имате поголемо шише Горска вода и да пиете повеќе вода во текот на оброкот. Како дополнителен бонус, лутите пиперчиња дополнително го забрзуваат метаболизмот и помогнуваат во согорување на калории.

3. Инсталирајте апликација на вашиот телефон која што ќе ве тера да пиете повеќе вода или пак ставете си потсетник. Постојат голем број на бесплатни апликации за Android и iOS кои што може да ви помогнат да следите колку од количината вода што планирате да ја испиете за тој ден, всушност сте испиле.

4. Имајте шише Горска вода со вас во секое време. Честопати забораваме да пиеме вода кога сме присутни на долги работни состаноци, поминуваме часови во работа пред компјутерот или пак патуваме по долги периоди од денот. Доколку имате шише Горска вода во близина во секој од овие моменти ќе ви биде многу полесно да се потсетите дека е потребно да консумирате вода постојано, односно во текот на целиот ден.

5. Секогаш носете си шише Горска вода кога одите да вежбате или трчате со цел да ја надоместите изгубената вода од телото во текот на физичката активност. Нашиот „буцко“ од 1 литар е одличен придружник на лицата кои се постојано физички активни.

6. Кога одите на ручек или вечера во ресторан, наместо сок нарачајте шише Горска вода. Ова е одлично за заштедување на пари како и за намалување на вкупниот внес на калории.

7. Испијте чаша Горска вода пред вашиот оброк. Ова ќе ви помогне да јадете точно онолку колку што сте гладни, без да ја помешате потребата за вода со потребата за храна. 

8. Створете си навика во која што на секое излегување помеѓу алкохолните пијалаци ќе се напиете вода. Најдобро би било покрај алкохолниот пијалак да нарачате и шише Горска вода. Алкохолните пијалаци вршат огромна дехидрација на организмот и токму поради тоа е потребно да се пие по една чаша вода за секој алкохолен пијалак што ќе го внесете вечерта. Исто така, не заборавајте да се напиете уште една чаша вода пред да си легнете истата таа вечер.