Извор

Исклучителено високиот квалитет на ГОРСКА вода се базира на големата чистина на нејзините извори. Изворот Трнскот се наоѓа во една од најчистите еколошко незагадени средини на Балканот на 1100 метри надморска височина, во живописните предели на планината Кожуф. Селаните од Конопиште, каде што се наоѓа полнилницата на ГОРСКА, велат дека со векови, од колено на колено се пренесува приказната за убавината на изворот од кој се разладувале жителите по течението на реката Бошава.

Никој не знае точно од кога постои изворот, но се претпоставува дека водата што сега излегува од него е собирана со векови во природните подземни резервоари на планината Кожуф. Жителите на селото Конопиште раскажуваат дека многу војски вклучувајќи ја  и фалангата на Александар,минувајќи низ овој крај се освежувале со водата која извирала токму од овие извори. Легендата пак, за бесмртната вода,вели дека единствено Александар Македонски успеал да нацрпи од неа. Овие “раскази”  се фантастичен спој меѓу историската вистина и имагинацијата на народниот творец.

Оваа вода е надалеку позната по својот пријатен вкус, свежина и нејзиното благопријатно и лековито дејство. Минувајќи низ многубројните слоеви на минерални карпи, во процесот на природна филтрација, водата успева до денес да го задржи непроменет својот единствен минерален баланс.

Наполнета дирекно од изворот ГОРСКА е комплетно недопрена од човек, така што во нејзиниот кристално чист природен вкус може да уживате секаде и во секое време.