Горска вода за сите учесници на "NASA Space Apps Challenge 2019"

И оваа година бевме дел од "NASA Space Apps Challenge 2019" настанот, кој се одржи од 18 до 20 октомври во рамки на првата Space Tech Convention во Скопје.

На овој тродневен хакатон ги освежувавме сите тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти кои соработуваа и се поврзуваа со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.

 

Горска во ритам со секоја иновација и свежа енергија!