Горска вода за сите натпреварувачи на ВИЗ ЕР Скопје 5км трка

Осми пат по ред, Горска Вода ќе биде официјален партнер на ВИЗ ЕР Скопскиот Маратон, овој пат на Скопје 5 километарската трка со обврска да се грижи за правилна хидратација на сите натпреварувачи, кои на 2-те освежителни станици ќе имаат можност да се освежат со најквалитетна минерална вода и да ги надополнат изгубените течности. Како и повеќе години наназад, на целта учесниците ќе имаат можност да се одморат и да „се стабилизираат” во специјално дизајнираниот Горска корнер.

Како и секоја успешна приказна која има јак темел и постојано се надоградува, така и соработката и партнерството на Горска со ВИЗ ЕР Скопскиот маратон продолжува по осми пат на взаемно задоволство. Очекувањата на организаторот, но и на учесниците се да се надминат и постават нови рекорди.

“Да се биде дел од приказната по која веќе сме препознатливи е голема чест но и обврска. Квалитетот на минералната вода Горска, природно се поврзува со сериозноста и квалитетот на самиот настан. Горска не е само вода со која се гаси жедта, туку е име со кое се поврзува целиот настан. Секоја измината освежителна станица значи поблиску до целта, до остварување на сонот и исполнувањето на планираното. Водата, како еден од есенцијалните елементи, претставува незаменлива компонента за правилното функционирање на човековиот организам во нормални услови и во услови на зголемен физички напор. Во таа насока, горди сме што на секаков начин придонесуваме во подобрувањето на здравите навики на луѓето преку поддршка на разни активности, настани и екипи од различни спортови. За нас, вработените во Горска, ова се моментите на кои се радуваме, бидејќи ова е можност да се доживее, но и да се живее со нашиот бренд. Ние и во иднина продолжуваме да сме поддршка на најполезното и најскапоценото, човечкото здравје” – изјавија од Горска.