Горска вода за сите натпреварувачи на “ПРВ ДО ВРВ 2019”

На 19-ти мај се оддржа традиционалниот годишен настан “ПРВ ДО ВРВ”, во кој учествуваа неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Горска Вода како спонзор на настанот, се грижеше за правилна хидратација на сите натпреварувачи, кои на 2-те освежителни станици ( на Средно Водно и на врв на Водно), имаа можност да се освежат со најквалитетна минерална вода и да ги надополнат изгубените течности.