- Македонски
- English
- Shqip

На 20 мај 2018 се оддржи шестото издание на популарната трка на Водно, ПРВ ДО ВРВ, во која учествуваа неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.
Горска Вода како спонзор на настанот, се грижеше за правилна хидратација на сите натпреварувачи, кои на 2-те освежителни станици ( на Средно Водно и на врв на Водно)
имаа можност да се освежат со најквалитетна минерална вода и да ги надополнат изгубените течности.