Горска вода донираше вода за настраданите во поплавите

Компанијата Горска вода, сочувствувајќи со жителите од источна Македонија погодени од поплавите, како општествено одговорна компанија донираше камион вода, кој уште од вчера се упати кон загрозените подрачја каде поради излевањето на реките, жителите останаа без чиста вода за пиење.


„Во овој период кога најмногу од сè е потребна чиста вода за пиење, се надеваме дека количината на Горска вода која нашата компанија ја донира, барем малку ќе го олесни справувањето со природните непогоди“, изјавија од компанијата.
Воедно, од компанијата испраќаат апел и до останатите граѓани да се вклучат со свој хуман гест и да донираат на телефонските линии: 075/070/071 143 400.