Горска- верен поддржувач на "Бизнис лига на Македонија"

Горска, и оваа година  ќе биде дел од најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал – Бизнис лига на Македонија. Во новата 2019/20 сезона Горска, како и минатата година, ќе се погрижи да ги освежи и ревитализира учесниците на овој спортски настан, кој веќе 10та година по ред, на едно место ги собира најдобрите спортисти од бизнис секторот во нашата земја.

Годинава лигата постави нов рекорд со 27 компании учеснички во аматерско натпреварување на целиот балкан.

Веќе години наназад, Горска како општествено-одговорна компанија, постојано се труди преку сопствените проекти и во улога на поддржувачи на ваков тип на спортски настани, да го поттикне спортскиот дух.

Се е спремно за бурно навивање за возбудливи и неизвесни натпревари. Им посакуваме среќа на сите учесници!