Горска продолжува со реализација на својот проект „Gorska on the move”

По краткотрајна пауза во текот на летниот период, брендот Горска продолжи со реализација на веќе познатата платформа „Горска во движење“, со што на сите љубители на физичката активност, во текот на месец септември, повторно им овозможува бесплатно едночасовно рекреирање на теренот на ФК Работнички.

Водена од врвни инструктори на клубот TRINITY, овогодинешното „Горска во движење“ започна и успешно беше реализирано во текот на мај и јуни. Поради големата посетеност и широката прифатеност на настанот, истиот ќе продолжи и во текот на зимскиот период.

Горска вода и клубот TRINITY, ги повикуваат заинтересираните граѓани, секој вторник во престојниот месец од 19 часот на теренот на ФК Работнички - Градски парк на  бесплатно рекреирање, забавување и рехидрирање.

Сите информации поврзани со овие активности може да се следат на фан страните на Горска вода www.facebook.com/gorskavoda и клубот TRINITY.