Горска - поддржувач на „Филозофски филмски фестивал“ 2018

Оваа година повторно поддржуваме културни и урбани манифестации, меѓу кои спаѓа и  „Филозофскиот филмски фестивал“ кој ќе се одржи во НУ Кинотека на Македонија.

Програмата на 8. Филозофски Филмски Фестивал кој ќе се случува во Скопје од 12-19 април е составена од три дела и тоа: ревијална програма- филм-философија, компетитивна селекција на долго- метражни и кратки филмови за наградата „Златен був“ на Фестивалот, како и  придружна програма со Џез вечер и настани од Едукативната програма на Фестивалот.

Овој фестивал е единствениот филмски фестивал во Македонија и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм-философијата. Од една страна, Фестивалот се обидува да ја промовира идејата за филмот како медиум којшто може да испровоцира филозофска размисла и/или да илустрира филозофски концепти и идеи, на овој начин обраќајќи ѝ се на генералната публика, но и на младите во Македонија поттикнувајќи го развивањето на креативната и критичка мисла.