Горска на „Женска Трка 2014“

Под мотото „Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање", на 06.04.2014 ќе се одржи втората „Женска трка" која е дел од промотивните трки на Скопскиот маратон 2014. Горска, како долгогодишен пријател на Скопскиот маратон ќе ги освежува присутните со Горска Спорт  Л-карнитин. Со оглед на фактот дека жените имаат многу повеќе обврски, а сè помалку време за себе, време за вежбање, ризикот за заболувања е сè поголем. Овој не толку значаен  факт ние сакаме да го смениме. Почнувајќи сега и тука со „Женската трка 2014“. Трките од овој карактер постојaт насекаде во светот со иста цел - подигајќи ја свеста на жените дека никогаш не е доцна да се почне со активност.