Горска на „Светскиот ден на водата“

Организатор на манифестацијата „Светскиот ден на водата“ која ќе се одржи на 22-ри март на Матка е Институтот за Јавно Здравје на РМ. Целта на оваа манифестација е на посетителите да им се дадат информации и податоци за улогата на водата за здравјето и за тоа што значи безбедна вода од хемиски и бактеролошки аспект.  Горска како и секогаш, активно ќе учествува со изненадувања за сите посетители.