Горска на натпревар во брзо местење на рубикова коцка "Macedonia Winter 2019"

Оваа година по втор пат бевме присутни на “Macedonia Winter 2019” - натпревар во брзо местење на рубикова коцка, подржан од светската кјубинг асоцијација - WCA и организиран од страна на Македонска Кјубинг Асоцијација / Macedonian Cubing Association - MCA.

Ние се погриживме за времетраењето на натпреварите сите да бидат хидрирани и фокусирани. Настанот се оддржа на 2 и 3 фебруари, во Хотел Александар Палас со тоа што учествуваа над 100 натпреварувачи од 12 држави, од кои над 70 натпреварувачи беа од Македонија. Во текот на натпреварот беа срушени безброј рекорди од кои неколку национални за Македонија и други држави.