Горска на меѓународниот натпревар во стрелаштво „Гран При СКОПЈЕ 2014”

Вo oрганизација на Македонската Спортска Стрелачка Федерација oд 23 дo 25 мај  2014 година, во Скопје по 8-ми пат традиционално ќе се одржи Меѓународниот натпревар во стрелаштво „Гран При СКОПЈЕ 2014” кој е најголем и најатрактивен од овој вид во Европа. На натпреварот ќе настапат  400 натпреварувачи од европските држави и Македонија. Горска како и секогаш е лојален поддржувач на големите спортски случувања!