Горска на "Mavrovo Maximum Adventure 2018"

Ски центарот Маврово оваа година по петти пат го организираше најпредизвикувачкиот аматерски спортски настан - “Mavrovo Maximum Adventure”.  

Овој настан е наменет за компании и е еден вид на лесен спортски тим билдинг со натпреварувачки карактер, каде екипите се натпреваруваат во авантуристички спортови со цел да победи подобриот. Учесниците се натпреваруваа во велосипедизам, трчање, стреличарство, стрелаштво и останати ревијални спортски дисциплини а ние ги освежувавме со Горска.

Настанот  се одржи од 8 до 10 јуни, на терените на Маврово и Мавровско Езеро.