Горска на „Mavrovo Maximum Adventure“

Оваа година ќе бидеме присутни во Ски центарот Маврово, отварајќи ја летната авантуристичка сезона “Mavrovo Maximum Adventure” со серија настани. Првиот настан ВОДА ВОЗДУХ ЗЕМЈА ОГАН е трка за тимови, која ќе биде лесен спортски тим билдинг со натпреварувачки карактер. Трката “ВОДА ВОЗДУХ ЗЕМЈА ОГАН” ќе се одржи од 13 - 15 јуни, на терените на Маврово и Мавровско Езеро. Овој евент ќе содржи 10 спортови од кои 6 со натпреварувачки карактер и 4 ревијални. Дојдете од 13-15 јуни во Маврово на одлична спортска забава со Горска! Погледнете ја целосната агенда и посетете нè во ГОРСКА корнерот за освежување.

http://www.exploringmacedonia.com/mma/agenda.html