ГОРСКА НА IX МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА СО ИСТОРИСКИ ВОЗИЛА И ГОЛЕМО ТЕСТ ВОЗЕЊЕ НА МОДЕЛИТЕ НА PEUGEOT

На ден 31.05.2014 (сабота), ќе се одржи IX-тата Меѓународна изложба со историски возила. Настанот, чиј домаќин е „Еуроимпекс“, ќе биде реализиран во соработка со „АМК Џип рели спорт“ и ќе биде лоциран кај салонот на Peugeot на улица Трета Македонска бригада, бр. 75, Скопје.
 
Покрај изложбата на историски возила, програмата на настанот опфаќа и низа активности на импортерот. Паралелно со изложбата на историските возила, кај импортерот, посетителите ќе можат да тестираат и нови возила од гамата на Peugeot, да направат компаративен тест на тјунирано и нетјунирано возило, да се информираат и ја погледнат демонстрацијата за репарирање ветробрански стакла и тн. Во фокусот на тест возењата секако ќе биде новиот Peugeot 308 кој е ú европски носител на признанието „Автомобил на годината“ за 2014 година.
Најмладите, нема да останат без забава. За нив, „Еуроимпекс“ приредува специјално Peugeot изненадување.
 
Пријавувањето на историски возила за учество на IX меѓународна изложба „Олд Тајмери – Скопје 2014“ е во тек. Со задоволство Ве информираме дека на оваа меѓународна изложба, очекуваме да се претстават помеѓу 55-60 историски возила и околу 15 историски мотоцикли. На следниов линк, можете да се придружите на настанот и ги следите сите новости кои ќе бидат споделувани во наредниот период.
 
Горска ќе присуствува на настанот и ќе ги освежува сите посетители.