Горска на хуманитарниот тениски турнир NISSAN Open 2014

Во периодот од 23-ти јуни до 3-ти јули 2014 година, во тенискиот клуб АБЦ, Аутомотив Груп во соработка со спортскиот центар Форца, тенискиот клуб АБЦ и Академијата за тенис Крстевски, го организира хуманитарниот тениски турнир NISSAN Open 2014. Сите парични средства кои ќе бидат собрани од котизациите на тенискиот турнир, ќе бидат донирани за помош за набавка на медицинска опрема на одделот хематоонкологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Скопје. Горска несебично ќе го поддржи овој хуманитарен тениски турнир и активно ќе се вклучи во истиот