Горска на хакатонот „NASA Space Apps Challenge Macedonia 2018“

И оваа година го поддрживме интернационалниот настан „NASA Space Apps Challenge Macedonia 2018“, кој ги обедини натпреварувачите од различни области, организирани во тимови составени од студенти, средношколци, претприемачи, програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, артисти, економисти, научници, едукатори, доктори, архитекти…

Дополнително, учесниците имаа можност да бидат  дел од "SPACE STARTUPS LAUNCHPAD" - акцелераторска програма реализирана со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија за развој на најдобрите идејни решенија од овој и од минатогодишните натпревари на NASA Space Apps Challenge во Македонија.